Ексклузивно: Ретро приказна со Елена Ристеска
Во просториите на Македонската Опера и балет вчера се снимаше спот за големиот хит „Некаде далеку“, а нашата екипа беше единствената која доби дозвола да ви презентира „мејкинг- оф“ материјал
Александар Ристевски- Принц го режираше најновиот спот на Елена Ристеска. Нашата екипа беше единствената која присуствуваше на снимањето за да ви ја долови атмосферата преку ексклузивен видеоматеријал.
Ретро- приказна беше одбрана за визуелизирање на големиот хит „Некаде далеку“, а Принц како најсоодветна локација го одбра просторот позади сцената во Македонската Опера и балет.
- Соработката со Принц почна уште на почетокот од мојата кариера, а тој беше ‘виновникот“ за чорапчињата кои ги носев во финалето на ‘М2‘ пред пет години кои долго време ми ги припишуваа како заштитен знак. Сепак, морам да нагласам дека ова е прв спот кој го работиме заедно и не се сомневам дека ќе направиме одличен материјал- ни изјави Елена, на само неколку минути пред снимањето на првите кадри.
Атрактивната македонска пејачка ни откри дека во видеото ќе се појави и едно детенце, но за повеќе детали, сепак, ќе почекате до официјалната промоција.
На проектот работеше прецизно одбрана екипа. И овојпат за шминката се погрижи Дадар, Лидија Перчинкова беше задолжена за стајлингот, а ретро- фризурата- предизвик за Љупка.
Ексклузивката на „М2“ паралелно сними спот и за српската верзија на песната која е насловена „Бај бај“.
Видеото мозе да го видите овде
http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=1851