Elena Risteska
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.


Best Macedonian fanforum for Elena Risteska
 
HomeHome  PortalPortal  Latest imagesLatest images  SearchSearch  RegisterRegister  Log inLog in  

 

 Novosti :D

Go down 
AuthorMessage
elenasweet
Admin
elenasweet


Posts : 38
Join date : 2009-01-01
Age : 28
Location : Skopje

Novosti :D Empty
PostSubject: Novosti :D   Novosti :D EmptySun Mar 01, 2009 10:59 am

Каролина бара двојничка, а на Елена и текна за наследничка

Повеќе од две недели пред одржувањето на спектакуларниот концерт на Каролина преку проектот "Личам на Каролина" се избира нејзина двојничка, а на само неколку дена до првиот концерт во кариерата на Елена се бара музички талент со кого таа ќе пее една песна во живо. Иако тимот кој стои зад Елена вели дека случајно во истовреме ја откриле својата дамнешна идеја, прашањето останува...


Во пресрет на големиот солистички концерт на Каролина насловен "Македонско девојче", нешто повеќе од две недели во соработка со сителовиот естраден магазин "Бекстејџ" во тек е изборот "Личам на Каролина". Трите финалистки од пријавените кандидатки, кои сметаа дека личат на позната пејачка, а притоа и ги исполнуваа условите поставени во конкурсот, се веќе одбрани и во моментов течат финалните подготовки и работа со тимот кој се грижи за поп-ѕвездата.

И приказната, веројатно, ќе завршеше тука ако во истовреме не појавеше уште еден ваков избор. За среќа, само сличен оти не се бара двојничка, туку музички талент кој ќе ги одмери силите на првиот концерт во речиси 7-годишната кариера на Елена Ристеска. Идејата изгледа како позајмена, особено затоа што се појави само неколку дена до одржувањето на концертот на ексклузивката на М2, иако од таму велат дека за такво нешто не може да стане збор затоа што тие воопшто и не слушнале дека веќе две недели се бара двојничка на Каролина.
Според Иво Јанковски, на вакво нешто се решиле само затоа што сакале да ја продолжат традицијата на нивната пејачка која на настапите секогаш канела луѓе од публиката да пеат со неа.

"Бидејќи овојпат се пее на бина, решивме претходно да подготвиме еден кандидат. Бараме човек кој ќе се подготви за да не го качуваме вечерта на раце. Инаку, сето нема врска со изборот поврзан со Каролина", вели Јанковски, појаснувајќи дека сега го откриле проектот оти така им било планирано. Информаците сакале да ги пуштаат етапно. Туѓи идеи не копирале и ова било само продолжување на она со што се занимава М2. Идејата им била да се најави подзаборавениот проект - Потрагата по ѕвезди што можеби е и единствената причина.

Од Авалон, пак, воопшто не сакаат да се бават со ова и не ги интересираат потезите на некои луѓе. Во моментов се сконцентрирани на проектот "Македонско девојче", закажан за 20 декември во Универзална, а освен тоа ги очекуваат и спектаклите со Пол Ван Дајк, Ајрон Мејден и Џејмс Блант
Back to top Go down
https://elenaristeskafans.forumotion.com
 
Novosti :D
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Elena Risteska :: Elena Risteska :: Novost-
Jump to: